02 август 2026
• од Гоце Кически
СДСМ соопшти дека премиерот Христијан Мицкоски со своја изјава признал дека водата за пиење во Гостивар повеќе од две години не била бактериолошки исправна.
Од партијата соопштија дека, и покрај најавите дека состојбата ќе се нормализира, сè уште нема официјална потврда дека водата е целосно безбедна за употреба. Според СДСМ, по хиперхлорирањето се појавила нова бактерија, а не се објавени ниту документите за тоа кој потпишал дека водата е технички исправна.
СДСМ соопшти дека проблеми со неисправна вода има и во други места низ државата и праша дали Владата знаела и за тие случаи.
Во соопштението, партијата го критикува и патувањето на Мицкоски во Белгија, оценувајќи дека тоа се случува во време кога, како што наведува, граѓаните се соочуваат со проблеми со водоснабдувањето, а во Гостивар има епидемија на жолтица. Дополнително, СДСМ соопшти дека сè уште нема утврдена одговорност за загадувањето на Лепенец и Вардар.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

