02 август 2026
• од Гоце Кически
Бугарските власти од понеделник започнуваат засилени проверки на увозот на овошје и зеленчук што пристигнува од Македонија. Целта е да се спречи нелегалниот увоз, да се провери квалитетот на производите и исправноста на придружната документација.
Во акцијата ќе учествуваат бугарското Министерство за земјоделство и храна, Агенцијата за безбедност на храната и Царинската управа. Покрај граничните премини со Македонија, дополнителни контролни тимови ќе бидат распоредени и на премините со Грција, Турција и Романија.
Според бугарските власти, проверките ќе бидат насочени кон откривање нерегуларности при увозот, вклучително и користење фактури со пониско прикажана вредност на стоката. На бугарскиот пазар секојдневно пристигнуваат камиони со овошје и зеленчук од повеќе земји, меѓу кои и Македонија.
Велешанец приведен откако при сечење метал предизвикал пожар кај Башино Село
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

