09 јули 2026
• од Темелко Тошев
„Ова е порака до Москва дека притисокот ќе продолжи сè додека не се создадат услови за вистински мировни преговори“, порача заменик генералната секретарка на НАТО во ексклузивно интервју за 4tv.mk.
За време на Самитот на НАТО што се одржува во Анкара, заменик генералната секретарка на Алијансата, Радмила Шекеринска, испрати силна и недвосмислена порака за иднината на европската безбедност и поддршката за Украина. Според неа, Алијансата е во фаза на историска трансформација, каде европските сојузници и Канада конечно преземаат поголем дел од одговорноста за сопствената одбрана.
Шекеринска истакна дека Европа ги надминува долгогодишните недостатоци во инвестирањето, што создава многу порамноправен и поодржлив однос во рамките на трансатлантското партнерство.
„Во само една година европските сојузници и Канада инвестираа повеќе од 139 милијарди американски долари, што претставува еднократно зголемување од околу 20 проценти во однос на претходната година. Тоа е доказ дека овие земји не даваат ветувања што не можат да ги исполнат, туку преземаат конкретни чекори за сопствената безбедност“, истакна Шекеринска.
Таа додаде дека е завршено времето кога најбогатите европски држави очекуваа други да ја финансираат нивната безбедност, оценувајќи дека оваа распределба на товарот ги зајакнува односите со САД.
Централна тема на разговорите во Анкара останува руската агресија, при што сите 32 земји-членки ја потврдија својата трајна определба за помош на Киев. Шекеринска изнесе фрапантни податоци за тоа колку НАТО е клучен фактор во опстанокот на Украина:
На прашањето за крајната цел на Алијансата, Шекеринска беше децидна:
„Ова е порака до Украина дека не е сама, но и порака до Москва дека притисокот ќе продолжи сè додека не се создадат услови за вистински мировни преговори. Путин не може да очекува дека ќе се предадеме или дека Украина ќе биде принудена да крене раце. Целта е да се создадат услови за праведен и долгорочен мир“, нагласи таа.
Како врвен доказ за единството и ефикасноста на Алијансата, Шекеринска ја посочи неодамнешната координирана акција на воздушната одбрана на НАТО, која успешно го пресретна иранскиот напад кон Турција. Таа заклучи дека токму способноста за постигнување консензус меѓу 32 различни демократски држави е најголемата сила што го прави НАТО најмоќниот одбранбен сојуз во историјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

