06 ноември 2026
• од Стефан Николов
Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ во недела, на 8 ноември, ќе одржи протест против фемицидите, институционалното насилство и неказнивоста. Собирот е закажан за 12 часот во паркот „Жена Борец“ во Скопје, а маршот ќе помине покрај Собранието и Министерството за правда и ќе заврши пред Министерството за образование и наука. Информацијата ја објави „Во Центар“.
Активистите велат дека убиството на седумнаесетгодишната Билјана Кириќ во Богданци повторно укажало на пропусти во институционалната заштита. Според нив, девојката претходно пријавила насилство и закани, а биле изречени и мерки за заштита. Иницијативата бара целосна и транспарентна истрага и утврдување одговорност за евентуалните пропусти.
Меѓу барањата се и итно усвојување на предложените законски измени за заштита од насилство врз жените и семејно насилство, како и враќање на поимот „род“ во законите, упатствата и програмите од кои, според активистите, бил отстранет.
Организаторите нагласуваат дека протестот е граѓански и дека не е простор за партиска промоција. „Не бараме сочувство. Бараме одговорност“, велат од иницијативата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

