06 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Шестмесечниот Михо, кој од раѓањето е во болница, треба да замине на лекување во Истанбул поради тешка бактериска инфекција и хидроцефалус. На бугарската платформа за собирање донации досега се собрани 45.915,59 евра — речиси половина од средствата потребни за неговото лекување.
Михо е роден предвреме, во седмиот месец, заедно со сестрата близначка Мина. Според објавата на семејството, опасната бактерија псевдомонас ја зафатила течноста околу неговиот мозок. Досегашното лекување со антибиотици и пункции не ја отстранило инфекцијата, а бебето се храни преку сонда.
Михо треба да отпатува во Истанбул на 12 ноември за дополнителни испитувања и третман. Меѓу планираните процедури е надворешна дренажа, а подоцна, во зависност од состојбата и контролата на инфекцијата, може да биде потребно и поставување шант. Според семејството, еден ден интензивна нега чини 2.000 евра, а засега не е познато колку долго ќе трае лекувањето.
Кампањата, организирана од Мартина Николовска, завршува за четири дена. Родителите се надеваат дека со помош на донации ќе можат да го обезбедат потребното лекување и Михо да се врати дома кај семејството.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

