06 ноември 2026
• од Тодор Вангелов
Според христијанското предание, светиот маченик Арета пострадал во 523 година, заедно со повеќе од 4.000 христијани во градот Негран, во јужна Арабија. Арета бил управител на градот и имал 95 години.
Владетелот Дунаан го опколил Негран и побарал жителите да се откажат од христијанската вера. Откако не успеал да го освои градот, им ветил дека нема да им наштети ако ги отворат портите. Жителите му поверувале, но тој го прекршил ветувањето и наредил да бидат убиени Арета, свештениците и други угледни граѓани. Потоа следел масакр низ градот.
По настаните, христијаните во Негран го обновиле храмот на Света Троица, кој бил опожарен, и изградиле храм посветен на Арета и на другите негрански маченици.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

