02 септември 2026
• од Темелко Тошев
Иако летото полека завршува, календарот до крајот на оваа година сè уште им нуди на граѓаните неколку одлични можности за одмор. По 8 Септември, следуваат уште четири неработни денови за сите граѓани на Република Македонија, а два од нив паѓаат во понеделник и петок, што е идеална можност за продолжени викенди.
Првиот следен државен празник е 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Овој празник годинава се одбележува во вторник. Оние кои имаат можност да земат слободен ден во понеделник (7 септември), ќе можат да спојат дури четири слободни денови – од сабота (5 септември) до вторник (8 септември).
Следниот неработен ден доаѓа во октомври. Имено, 12 октомври (понеделник) ќе биде неработен ден по повод Денот на народното востание, бидејќи празникот 11 Октомври годинава се паѓа во недела. Ова значи уште еден загарантиран продолжен викенд за граѓаните.
Само две недели подоцна, следува нова можност за тридневен одмор. На 23 октомври (петок) се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, што носи уште еден одличен продолжен викенд.
Последниот неработен ден за сите граѓани за оваа година ќе биде 8 декември (вторник), кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски“.
Празници за граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед, до крајот на годината неработни се и 1 ноември (Празникот на сите светци), како и 25 декември (првиот ден на Божиќ).
Според календарот, октомври ќе биде особено поволен месец за краток есенски одмор благодарение на двата продолжени викенда, додека септември и декември оставаат простор за спојување на деновите околу празниците кои паѓаат во вторник.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

