28 ноември 2026
• од Елена Иванова
Од 1 декември поскапува парното греење во Скопје, по одлука на Регулаторната комисија за енергетика. За домаќинствата приклучени на системите на ЕСМ, цената се зголемува во просек за 7,56 отсто, а за корисниците на „Енерџи еколинк“ за 5,84 отсто, објави 24инфо.
Според објавените податоци, просечната месечна сметка за парно ќе порасне за 188 денари — од 2.493 на 2.681 денар. За домаќинствата на системот на ЕСМ што плаќаат паушално, новата тарифа ќе изнесува 49,28 денари за квадратен метар при плаќање на 12 рати, односно 98,56 денари при плаќање на шест рати.
Како причина за поскапувањето се наведува растот на цената на природниот гас на меѓународните берзи. Претходните цени на топлинската енергија беа утврдени во јули, а се применуваат од 1 август 2026 година.
ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици за насилниците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

