27 ноември 2026
• од Елена Иванова
Комисиите меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да вложуваат реални напори и да постигнуваат суштински напредок, наместо само формално да одржуваат разговори. Ова го порача амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.
Рокас повика договорите и преземените обврски да се спроведуваат со добра волја. Тој рече дека конструктивната работа на билатералните комисии, напредокот во реформите и добрососедските односи можат да придонесат за забрзување на европската интеграција на земјата.
На прашањето дали несогласувањата во Заедничката историска комисија би можеле да доведат до бугарско вето, Рокас не коментираше каква позиција би можела да заземе одделна земја членка. Тој повторно нагласи дека е важно договорите да се исполнуваат, а историските прашања да им се остават на историчарите.
Рокас порача дека местото на Северна Македонија е во Европската Унија и дека Унијата сака земјата да ги продолжи пристапните преговори, но додаде дека напредокот подразбира и исполнување на преземените обврски.
ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици за насилниците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

