25 ноември 2026
• од Тодор Вангелов
Патниците вчера останале без возот за Битола, кој требало да тргне во 20:05 часот. Неизвесно е и денешното поаѓање од Скопје во 14:30 часот, додека возот за Гевгелија во 16:55 часот треба да сообраќа, објави Слободен печат.
Според сведоштво на патник, откажувањето на возот за Битола ги принудило патниците во последен момент да бараат автобуски превоз. Проблеми имало и на линиите кон Гевгелија и Куманово, а соговорници на весникот посочиле чести дефекти и проблеми со греењето.
Од Македонски железници – Транспорт не одговориле на прашањата на порталот. Од шалтерот на железничката станица во Скопје им било кажано дека поаѓањето за Битола е неизвесно, а дека возот за Гевгелија ќе тргне според распоредот.
Гаши: Бугарите ќе бидат вклучени во Уставот, Хрватите се надеваат на истото
Филипче побара помош од ЕУ за спротивставување на антиевропската пропаганда
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

