25 ноември 2026
• од Темелко Тошев
Премиерот Христијан Мицкоски ја потпиша Бриселската декларација на самитот ЕУ–Западен Балкан, одржан на 25 ноември. Во документот се повикува земјите од регионот да ги почитуваат правата на малцинствата и да ги спроведуваат договорите за добрососедство.
Декларацијата ги повикува партнерите од Западен Балкан да ги унапредуваат демократијата, владеењето на правото и основните права, како и да обезбедат еднаков третман на припадниците на малцинствата. Се нагласува и потребата од слободни медиуми и посилна улога на граѓанското општество.
Во делот за регионалната соработка се наведуваат Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Потписниците повикуваат на нивно спроведување со конкретни резултати и на изнаоѓање трајни решенија за отворените билатерални прашања.
Советот на ЕУ, исто така, истакнува дека негирањето геноцид и величањето воени злосторници се спротивни на европските вредности.
ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици за насилниците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

