26 ноември 2026
• од Темелко Тошев
Пратеникот Зијадин Села го повика премиерот Христијан Мицкоски почесто да присуствува на собраниските седници за пратенички прашања. Седницата почна со пауза поради несогласувања околу редоследот на прашањата.
„Доаѓајте почесто во Собранието. Кога има пратенички прашања, целиот ходник мириса на печено месо. Убаво е“, му рече Села на Мицкоски од собраниската говорница.
Села потоа го обвини претседателот на Собранието, Африм Гаши, дека пратениците од други партии се оставаат во сенка, алудирајќи на можен договор со ДУИ.
Пратеничката Дијана Тоска од ДУИ одговори дека партијата има 12 пратеници и дека, според собранискиот деловник, нивниот редослед на листата за прашања е оправдан. Сакам Да Кажам извести дека несогласувањето довело до пауза пред почетокот на седницата.
ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици за насилниците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

