25 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ денеска во Скопје организира протестен марш против фемицидите и насилството врз жените. Маршот почнува во 17 часот во паркот „Жена-борец“ и ќе заврши пред Министерството за внатрешни работи.
Повод е Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојчињата, кој се одбележува на 25 ноември. Во соопштението објавено од Макфакс, организаторките велат дека бараат институционална одговорност, навремена заштита на жртвите и правда за жените кои преживеале насилство.
За крајот на маршот е најавена перформативна акција, а учесниците се повикани да понесат грутка земја.
Гаши: Бугарите ќе бидат вклучени во Уставот, Хрватите се надеваат на истото
Филипче побара помош од ЕУ за спротивставување на антиевропската пропаганда
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

