26 ноември 2026
• од Никола Трајковски
Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук оцени дека Северна Македонија се оддалечува од Европската Унија поради, како што рече, назадување во почитувањето на човековите права и слободи и одбивањето да ги спроведе договорените уставни измени. Изјавата ја даде во интервју за Таралеж.
Ќучук посочи дека внесувањето на Бугарите во Уставот е дел од европскиот договор за продолжување на евроинтеграцијата, а не билатерално барање на Софија. Според него, политичките сили во земјава треба да постигнат консензус за стратешките приоритети и да ги зајакнат добрососедските односи и дијалогот.
Во интервјуто тој ја посочи Црна Гора како најнапредна во преговорите со ЕУ, а Албанија како земја што активно работи на пристапувањето. Ќучук потсети и дека Бугарија поминала низ тешки промени на патот кон членството, но сега учествува во носењето клучни европски одлуки.
ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици за насилниците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

