28 ноември 2026
• од Гоце Кически
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа состанок за состојбата во Киев и мерките што би се презеле доколку руските напади сериозно ги нарушат животот и транспортот во главниот град. На состанокот учествувал и градоначалникот Виталиј Кличко, објави Укрінформ.
Разгледани биле оперативни планови за јавниот превоз и логистиката, како и заштитата на важни инфраструктурни објекти. Зеленски рече дека целта е жителите и бизнисите да можат да продолжат со работа и секојдневните активности и во влошени услови.
Украинската влада и градските власти подготвуваат и систем со бесплатни автобуски линии, кои би биле достапни доколку други видови превоз престанат да функционираат. Разгледани биле и алтернативни решенија за инфраструктурата во градот.
ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици за насилниците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

