25 ноември 2026
• од Никола Трајковски
Израел поседува околу 90 нуклеарни боеви глави, а резервите на плутониум би можеле теоретски да овозможат производство на уште 160 до 250, се наведува во извештај на американски експерти за нуклеарно оружје. Процената ја пренесе „Times of Israel“.
Според извештајот на „Булетин оф д Атомик Сајентистс“, Израел има до 1.000 килограми плутониум. Процената за потенцијалните дополнителни боеви глави зависи од претпоставки за нивниот дизајн и количината на материјал потребна за нивна изработка.
Експертите оценуваат дека капацитетот во Димона продолжува да произведува боеви глави, но главно за одржување на постојниот арсенал, а не за негово проширување. Тие посочуваат и дека реакторот се приближува до крајот на својот работен век, што може да го отежни неговото заменување.
Израел не потврдува ниту демантира дека поседува нуклеарно оружје и со децении ја одржува политиката на „нуклеарна двосмисленост“. Земјата не е потписничка на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.
Гаши: Бугарите ќе бидат вклучени во Уставот, Хрватите се надеваат на истото
Филипче побара помош од ЕУ за спротивставување на антиевропската пропаганда
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

