26 ноември 2026
• од Темелко Тошев
Циклонската активност ќе донесе обилни дождови во Македонија до недела, а за време на викендот на планините и повисоките места дождот ќе премине во снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. На некои места вкупното количество врнежи може да надмине 80 литри на квадратен метар.
Денеска пообилни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде што за 24 часа може да наврнат над 30 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, а на места и засилен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 8 до 12 степени.
Со спуштањето на постуден воздух од север, за викендот на повисоките места се очекуваат дожд и снег, а на планините само снег, со формирање нова снежна покривка. Од почетокот на следната работна седмица се очекува променливо облачно време со сончеви периоди.
Снег веќе паѓа и во делови од Словенија, каде што на одредени патишта се формира снежна покривка, а силниот ветер предизвика ограничувања во сообраќајот. Детали за временските услови во регионот објави Трн.мк.
ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици за насилниците
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

