03 јули 2026
• од Темелко Тошев
Индустрискиот парк „Балкан“ во градот Ловеч, Република Бугарија, беше официјално отворен на свечена церемонија, означувајќи значаен чекор за развојот на бугарската индустриска инфраструктура. Сопственикот и оператор на зоната, компанијата „Балкан“ АД, објави дека проектот за изградба на нова пристапна и внатрешна техничка инфраструктура е успешно реализиран.
Вкупната вредност на оваа значајна инвестиција во Бугарија надминува 14 милиони евра, а реализацијата на терен се одвиваше во рекорден рок.
Во период од само една година, на локацијата во соседна Бугарија е изградена најсовремена техничка инфраструктура. Проектот опфаќа:
Проектот за развој на паркот е финансиран од Европската Унија преку Националниот план за закрепнување и отпорност, како дел од бугарската програма за јавна поддршка за развој на индустриски зони и привлекување инвестиции.
„Изградивме модерна комуникациска инфраструктура за кратко време. Веќе имаме инвеститори кои работат на територијата на паркот и бележиме силен интерес од нови компании. Ова е реална основа за раст на регионот и за благосостојба на луѓето“, изјави Ивајло Стојанов, извршен директор на „Балкан“ АД.
Индустрискиот парк се наоѓа во Северната индустриска зона на Ловеч и нуди врвни услови за идните инвеститори:
Во рамките на проектот, реализирани се две нови пристапни патни врски и водовод. Овој дел од инфраструктурата е изведен во партнерство со Општина Ловеч, при што општината немала финансиско учество.
Покрај средствата од европските фондови, инвеститорот „Балкан“ АД вложил и значителни сопствени средства надвор од основниот проект. Со овие средства е реконструирана и модернизирана веќе постоечката пристапна патна врска, а целосно е автоматизиран и железничкиот премин кој води кон паркот.
Му дал 91.000 денари за реновирање на бањата, останал и без мајстор и без пари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

