05 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Одлуката за именување на поранешниот министер Арбен Фетаи на амбасадорска позиција во Брисел предизвика лавина од негативни реакции во јавноста. Меѓу најгласните критичари е универзитетската професорка и правен експерт, Мирјана Најчевска, која упати жестоки критики до власта поради, како што вели, очигледните двојни стандарди и неказнивоста на високите функционери.
Професорката реагира децидно: наместо Фетаи да сноси одговорност за тоа што со месеци земал плата од буџетот без да се појави на своето работно место, тој се наградува со престижна дипломатска функција.
Најчевска преку статус на социјалните мрежи го изрази својот револт, прашувајќи како е можно личност која ја компромитирала сопствената влада да ја претставува државата пред меѓународната заедница.
„Значи некој кој ја злоупотребил службената должност и кој ја изложи на потсмев Владата на Македонија ќе ја претставува државата во Брисел?“ – прашува професорката.
Таа повлече и директна паралела со обичните граѓани и вработените во јавниот сектор, потенцирајќи го селективното делење на правдата во земјава:
„Тие од јавно здравје кои не оделе на работа а земале плата ќе ги гони јавен обвинител, а министерот кој не одел на работа а земал плата ќе биде амбасадор. Ма навистина сте безобразни во својот криминал. И нахални. Не убивте бре. Ама стадо овци и за тоа служи – за убивање“, децидна е Најчевска.
Овој случај повторно го отвора прашањето за меритократијата и одговорноста на носителите на јавни функции во Македонија. Додека институциите најавуваат чистки и кривични пријави за „фантомските работници“ во здравството и администрацијата, назначувањето на Фетаи за амбасадор во Брисел испраќа порака дека за високата политика важат поинакви правила.
Јавноста со право очекува одговор од Владата: кои беа критериумите според кои Фетаи го доби дипломатскиот билет за Брисел и дали некој ќе понесе одговорност за буџетските средства потрошени за неработење?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

