05 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Бугарија е секогаш подготвена да му помогне на секој македонски Бугарин, без разлика дали е член на некое здружение или не, изјави бугарскиот амбасадор во Република Северна Македонија, Жељазко Радуков, во интервју за емисијата „РадиоТочка“ на Бугарското национално радио (БНР) со новинарот Илија Влков.
Коментирајќи ги билатералните односи меѓу двете соседни држави и евроинтегративниот пат на Скопје, Радуков нагласи дека добрососедските односи ќе бидат клучен мерило за напредокот на земјава.
„Добрососедството не е само приоритет, туку е еден хоризонтален критериум. Во контекст на односите меѓу РСМ и Бугарија, градењето на овие односи е еден од критериумите според кои ќе се оценува напредокот на РСМ во однос на членството во ЕУ“, истакна бугарскиот дипломат.
Според Радуков, во Северна Македонија постои сериозен проблем со наративот што се создава против Бугарија и бугарскиот народ.
„Се гради антитеза и, ако сме искрени, тоа е основниот проблем во способноста на локалните власти да ги исполнат преземените обврски. Ова што го следиме се должи и на фактот дека одредени политички кругови во земјата проценуваат оти ваквата реторика ќе им ги зголеми шансите на следните избори во РСМ“, посочи тој.
Осврнувајќи се на неодамнешната средба на лидерите на европските држави и на Западниот Балкан во Црна Гора, посветена на забрзување на интеграцијата, амбасадорот потенцираше дека најголемите пречки за регионот остануваат недостигот на реформи и недостигот на политичка незрелост кај дел од државите.
Тој ги посочи Црна Гора и Албанија како позитивни примери кои докажуваат дека процесот на проширување функционира. „Вратата е отворена и доколку се исполнуваат критериумите, членството е достижно“, рече Радуков.
Радуков децидно порача дека нема да има никакви отстапки во однос на кандидатурата на Северна Македонија и дека договореното мора да се реализира.
„Она што е постигнато во 2022 година претставува патоказ од обврски кои ЕУ ѝ ги постави на земјата-кандидат и кои мора да се исполнат. Исполнувањето на овие чекори не само што гарантира членство во ЕУ, туку е и начинот на кој оваа држава ќе успее да изгради добрососедски односи со нас. Начинот на кој тие се приближуваат кон Европа е прашање на политичка волја и политичка зрелост“, подвлече амбасадорот во Скопје.
На крајот, Радуков потсети на ставот што неодамна го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта – дека не постои друг пат напред и оти сите зацртани критериуми, како општите така и специфичните, мора во целост да бидат исполнети.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

