11 октомври 2026
• од Гоце Кически
Православните верници денеска, 11 октомври, го празнуваат Преподобен Харитон Исповедник, христијански светител познат по својата непоколеблива вера и посветеност на монашкиот живот. Денеска именден слават Харитон, Радој и Радмило.
Свети Харитон потекнувал од градот Иконија, каде што бил угледен и побожен граѓанин. За време на прогоните на христијаните во периодот на римскиот цар Аврелијан, бил уапсен и изложен на тешки мачења бидејќи одбил да се откаже од христијанската вера.
По смртта на Аврелијан бил ослободен од затвор и заминал кон Ерусалим. Според црковното предание, на патот бил заробен од разбојници, но успеал да се спаси. Потоа се повлекол во Фаранската пустина, каде што основал манастир и собрал голем број монаси.
Во текот на животот основал уште два манастира, еден во близина на Ерихон и друг познат како Сукиска обител или Стара Лавра. Неговиот живот бил посветен на молитвата, духовното поучување и ширењето на монаштвото.
Преподобен Харитон Исповедник починал на 28 септември 350 година, во длабока старост. Неговите мошти, според црковното предание, почиваат во првиот манастир што го основал. Нему му се припишува и составувањето на чинот за монашки потстриг.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

