01 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Пазарот на недвижности во Грција ги испраќа првите сигнали на смирување, но тоа очигледно не важи за бугарските купувачи. Според пишувањата на бугарскиот дневен весник „24 часа“, интересот кај нашите источни соседи за недвижнини кај јужниот сосед не само што не стивнува, туку урива и рекорди.
По големиот бум во изминатите неколку години, странските инвестиции во грчкиот сектор за недвижности бележат значителен пад.
Експертите овој тренд го поврзуваат пред сѐ со построгите услови за добивање на популарната „златна виза“. Имено, минималната инвестиција за стекнување на оваа привилегија во најбараните грчки региони е драстично зголемена на 800.000 евра. Дополнителен фактор за „ладењето“ на пазарот се и генерално повисоките цени на недвижностите, како и растот на каматните стапки ширум Европа.
Спротивно на општиот тренд на повлекување на странските инвеститори, Бугарите ги зголемуваат своите вложувања.
Податоците од Централната банка на Грција покажуваат дека во текот на 2025 година, бугарските државјани купиле имоти во вредност од рекордни 101 милион евра, што претставува раст од 6,3% во однос на претходната година.
За разлика од големите меѓународни инвеститори кои често бараат брз поврат на средствата или државјанство преку инвестиција, главниот мотив на бугарските купувачи не е исклучиво профитот. Нивниот интерес се должи на идеалната комбинација од:
Фокусот на бугарските купувачи традиционално останува на Северна Грција. Најпосакувани дестинации за нив се:
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

