01 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Денеска истече рокот кој самиот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните за исполнување на сите точки од Реформската агенда до 1 јуни. Со ова, уште едно клучно ветување останува неисполнето, а уште една лага на актуелната власт е разобличена, порачуваат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
Од опозициската партија обвинуваат дека Христијан Мицкоски дошол на власт со лаги и продолжува да владее на истиот начин, потсетувајќи на серијата предизборни ветувања кои досега не се реализирани.
Во соопштението се нагласува дека власта не исполнила ниту едно од главните политички и економски ветувања:
По две години власт на Мицкоски, од СДСМ истакнуваат дека нивните лаги се целосно разобличени преку изјавите на самите претставници на власта.
„Мицкоски го нарече Преспанскиот договор ремек-дело на дипломатијата. Гордана Сиљановска призна дека македонскиот јазик, култура и идентитет се заштитени и апсолвирани. Тимчо Муцунски призна дека членството во НАТО е ’феноменална работа‘ која создава поволна клима за инвестиции“, потсетуваат од СДСМ.
Дополнително, партијата алармира за катастрофалните економски политики во изминатиот период. Според нивните податоци, странските директни инвестиции бележат пад од над 60 проценти.
„Економијата стагнира, нема ништо од ветеното зголемување на минималната плата на 600 евра, инфлацијата континуирано е повисока од европскиот просек, а граѓаните секој ден сè потешко врзуваат крај со крај“, стои во партиската реакција.
Од СДСМ заклучуваат дека билансот на оваа власт е поразителен:
„Не го вратија името. Не го укинаа Преспанскиот договор. Не обезбедија подобри услови. Не ги исполнија реформите за ЕУ. Наместо напредок, донесоа застој, изолација и разочарување за граѓаните“, се заклучува во соопштението.
Пазарот се лади, но не и за нив: Бугарите со рекордно купување недвижности во Грција
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

