01 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираше дека по спроведени анализи, кај 10 оператори утврдено било дека анализираните примероци не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи, односно дека во производите има помал процент на млечни масти од декларираното, на социјалните мрежи се појавија голем број реакции.
Граѓаните покрај тоа што реагираат дека биле измамени дека конзумираат „квалитет“, тие исто така реагираат и зошто АХВ не го објавува имињата на овие оператори со храна.
Корисникот Кирил Ефремовски на платформата Икс прашува зошто Агенцијата за храна не ги објави јавно имињата на десетте оператори и брендовите кај кои констатирале сериозни отстапки во квалитетот на млечните производи. Тој додава дека практично сме јаделе ѓубре и дека производите веројатно и денес се по маркетите.
На ова се надоврзува и корисникот Вентор, кој истакнува дека надлежните не кажуваат кои се тие фирми, исто како што криеја и за салоните кога ги фатија со штетна хемија. Тој коментира дека не му е јасно од кого кријат и дека вака може да се измислуваат фиктивни случки колку да се рече дека нешто се работи.
Дел од граѓаните се сомневаат и во задни намери и заштита на бизнисот на штета на потрошувачите. Корисникот Фибонаци обвинува дека не ги кажуваат млекарниците што произведуваат фалц сирење за да можат да им удираат рекет, додека народот страда. Во сличен тон, Александар коментира дека за вакво нешто би требало да се оди во затвор, а не да се помине со казна од 3.500 евра. Тој додава дека државата ги штити измамниците со тоа што не ги објавува нивните имиња, оставајќи ги ладнокрвно да продолжат да профитираат на грбот на здравјето на граѓаните.
Револтот оди дотаму што се предлагаат и алтернативни решенија. Корисничката Стела Роса прашува дали, бидејќи државниот орган што сите го плаќаме да го штити нашето здравје нема да одговори кои се компаниите што не труеле нас и нашите деца, граѓаните треба сами да си платат приватна лабораторија за да го дознаат тоа.
Не изостанаа ниту саркастичните коментари како одраз на незадоволството. Корисникот Дамла се пошегува дека откако АХВ открила палмино масло во сирењето, следно очекува во ајварот да најдат цемент, а на декларацијата да пишува дека е домашен, рачно мешан, за внатрешна и надворешна употреба, па по отворање на теглата да се бара градежна дозвола од градоначалникот.
Останува да се види дали притисокот од јавноста ќе ја натера Агенцијата за храна и ветеринарство да ги објави конкретните брендови, со цел потрошувачите да знаат што точно купуваат и што внесуваат во своите домови.
Пазарот се лади, но не и за нив: Бугарите со рекордно купување недвижности во Грција
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

