31 мај 2026
• од Темелко Тошев
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат за серија сериозни инциденти на семејно насилство во текот на изминатото деноноќие. Полицијата постапувала по дури седум пријави ширум државата, при што четири лица се лишени од слобода, а со едно лице е извршен службен разговор.
Најшокантниот случај е регистриран во Скопје, каде 37-годишна жена пријавила брутален напад од својот вонбрачен партнер.
Според пријавата од 30.05.2026 година, додека жената била во возило заедно со нејзиниот партнер А.Н., во близина на нејзиното работно место, тој ѝ истурил хемиско средство директно во пределот на лицето и очите. На оштетената веднаш ѝ била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицискиот билтен бележи уште неколку тешки инциденти во кои било користено ладно оружје или предмети:
Покрај овие случаи, полицијата интервенирала и поради физички напади и закани на следните локации:
Од МВР информираат дека интензивно се преземаат мерки за расчистување на сите наведени случаи.
„По целосното документирање на настаните, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави пред надлежните институции“, додаваат од полицијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

