24 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Никола Веселинов, ученик во 11. клас во Софиската математичка гимназија, испиша историја за Бугарија освојувајќи го првото место во категоријата математика на еден од најпрестижните меѓународни натпревари за наука и инженерство – Regeneron ISEF. Натпреварот се одржа годинава во Финикс, Аризона, а младиот талент ја освои и една од главните награди на настанот – престижното признание „Млад научник“, пренесува бугарскиот дневник „24 часа“.
Конкуренцијата на овогодинешниот Regeneron ISEF беше огромна. На настанот учествуваа околу 1.700 ученици кои претставија повеќе од 700 проекти од над 50 држави. Во вакво елитно друштво, проектот на Никола на тема „Разрешливост на равенка во елементарни функции“ успеа да ги освои симпатиите на стручното жири.
Никола веќе две години интензивно се занимава со истражувачка работа во областа на математиката. За својот успех, тој посебно го истакнува својот ментор, Мирослав Маринов, за кого вели дека му бил силна инспирација во текот на целиот процес.
Триумфот на Никола не е само во форма на медали, туку е проследен и со значајни финансиски и академски признанија. Неговиот успех му донесе:
И покрај вртоглавиот успех и големите парични награди, она што најмногу фасцинира кај овој млад математичар е неговиот зрел пристап кон науката.
„За мене мотивацијата да учествувам не е наградата. Без подлабока причина да се занимаваш со тоа со кое настапуваш, очекувањето секогаш да победуваш едноставно те урива психички“, истакнува Никола.
Тој силно верува дека истражувачката работа треба да биде повеќе поттикнувана во образовниот систем, бидејќи го развива креативното размислување. „Задоволството што го добивам од научната работа е многу поголемо. Таа го развива умеењето човек сам да си поставува прашања“, додава тој.
Никола не е посветен само на бројките и равенките. Тој има и креативни хобија – се занимава со фотографија со дрон, а покажува и голем интерес кон нумизматиката и историјата.
Што се однесува до неговата иднина, летово го очекува нов голем предизвик. Тој ќе помине шест недели во престижниот Масачусетски институт за технологија (MIT) во рамки на специјализирана истражувачка програма. Неговите планови за високо образование се јасни – планира да продолжи да студира математика, без разлика дали ќе избере да остане во Бугарија или своето знаење ќе го надградува во странство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

