22 јули 2026
• од Гоце Кически
По силното невреме проследено со олуен ветер, интензивен дожд и локални поројни врнежи, ширум државата се регистрирани значителни материјални штети. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира за паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други сериозни последици во повеќе региони.
Екипите на сите надлежни институции се веќе на терен и интензивно работат на расчистување на штетите и нормализирање на состојбата.
Ударот на невремето беше особено силен во главниот град. По 17 часот, преку Единствениот број за итни повици 112, примени се над 9.000 повици од граѓани. Најголемиот дел од пријавите, кои доаѓаат од сите скопски општини, се однесуваат на:
ЦУК направи детален пресек на последиците од невремето по региони:
Источен регион Овој дел од државата претрпе значителни штети, со сериозни проблеми во повеќе градови:
Вардарски регион Во Велес, Свети Николе, Лозово, Кавадарци и Неготино се бележат паднати дрвја, оштетени настрешници и прекинати кабли.
Североисточен регион (Куманово) Граѓаните масовно пријавуваат штети. Евидентирани се паднати дрвја врз возила, оштетени фасади, паднати кровови од објекти и сериозни оштетувања на електричната инфраструктура (бандери и кабли). Сите пријави се проследени до надлежните служби.
Југоисточен регион (Струмица) Невремето предизвика прекини во нисконапонската мрежа, скинати жици, паднати столбови и билборди. Посебно е погоден земјоделскиот сектор – пријавени се оштетени оранжерии, однесени најлонски фолии и сериозни штети на раноградинарските култури.
Пелагониски регион Последиците се концентрирани во прилепскиот регион. Најсериозна е состојбата со управната зграда на ЈП „Национални шуми – Црн Бор“, каде ветерот откорнал лимен кров. Вработените работат на негово расчистување.
Полошки регион (Тетово) Ова е единствениот регион каде состојбата е целосно стабилна. Нема регистрирани потешки случаи кои бараат итна интервенција, туку само помали материјални штети. Надлежните служби ја следат состојбата.
Апел до граѓаните: Службите продолжуваат со интензивна работа на терен за отстранување на опасностите. Се препорачува внимателност при движење на отворено поради ризик од паѓање на оштетени предмети и гранки. За сите итни случаи, граѓаните можат да се обратат на бесплатниот број 112.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

