11 август 2026
• од Темелко Тошев
Познатиот кондовец Бесим Красниќи, кој пред две години по долг период поминат во бегство беше екстрадиран од Косово, повторно успеал да побегне од Македонија. Како што дознава „Слободен печат“, Красниќи ја искористил можноста откако добил прекин на издржувањето на затворската казна и веднаш се дал во бегство.
Бесим, кој е брат на познатиот кондовец Агим Красниќи, беше спроведен во затворот „Идризово“ во мај 2024 година, по успешната акција на косовската полиција и неговата екстрадиција. Тогаш, Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека по него била распишана меѓународна потерница по наредба на Основниот кривичен суд Скопје.
Красниќи се бараше за издржување на затворска казна за серија тешки кривични дела, меѓу кои разбојништво, тешки дела против општата сигурност, како и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам. Неговото апсење се случи на 5 мај 2024 година во Урошевац, Косово, каде беше приведен заедно со уште три лица, меѓу кои и неговиот брат Агим Красниќи, кој неофицијално веќе ја доиздржал својата казна.
Засега, надлежните институции молчат за овој најнов безбедносен пропуст. Иако се побарани одговори од Управата за извршување санкции и од Министерството за внатрешни работи, сè уште нема официјална потврда ниту детали за тоа како Красниќи добил прекин на казната и како успеал непречено да ја напушти државата.
Јавноста останува во исчекување на официјално соопштение од властите за тоа кој ќе понесе одговорност за новото бегство на лице осудено за тешки и опасни кривични дела.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

