05 септември 2026
• од Темелко Тошев
Решавањето на деценискиот спор со Грција и потпишувањето на договорите со соседите создадоа нова реалност и директно ја отворија вратата за решавање на црковното прашање преку Вселенската патријаршија, оценува универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски.
Анализирајќи ги процесите кои доведоа до надминување на изолацијата на нашата Црква, Фрчкоски посочува дека клучниот пресврт се случил токму по надминувањето на политичките пречки, што директно се рефлектирало и во црковната дипломатија.
„После Преспанскиот договор, грчката блокада во Цариград попушти и речиси исчезна. И не само што исчезна, туку влијанието до вселенскиот патријарх Вартоломеј стана позитивно, во смисла на симпатии кон нашата кауза за стекнување на автокефалност директно од Цариград“, објаснува тој.
Според Фрчкоски, овој развој на настаните не е случаен, туку е во целосна хармонија со политичкиот пробив што го направила тогашната извршна власт. Тој смета дека храбрите политички одлуки биле предуслов за откочување на црковниот спор.
„Во хармонија со политичката авангардност или пробив на политичарите – Владата на Заев и договорот со Грција, како и договорот со Бугарија, се отвори нова перспектива. Токму овие два договора се основата за отворање на можноста за признавање на нашата Црква директно од Вселенската патријаршија“, заклучува Фрчкоски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

