04 септември 2026
• од Темелко Тошев
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение упати остри критики до надлежните институции поради тоа што ниту еден Албанец не се најде меѓу овогодинешните добитници на државните награди „8 Септември“. Ова државно признание се доделува за животно дело, како и преку четири финансиски награди за достигнувања во областа на спортот.
Според ДУИ, фактот што ниту еден албански спортист, тренер или претставник не е награден, не е само резултат на обична листа, туку е јасен показател за системскиот пристап преку кој Албанците се исклучуваат од секоја сфера каде што државата треба да го препознае нивниот успех, талент и придонес.
„Албанските спортисти ја претставуваат Северна Македонија, освојуваат медали, го веат државното знаме на меѓународни натпревари и со години придонесувале за развојот на спортот, но кога доаѓа моментот нивниот труд да биде награден, за нив нема место на државната листа“, се нагласува во партиското соопштение.
Партијата отворено ја прозва коалицијата ВРЕДИ, прашувајќи дали оваа ситуација ја одразува „правичната и соодветната застапеност“ што тие ја ветувале пред граѓаните. Од ДУИ прашуваат кои се критериумите поради кои успесите на Албанците стануваат невидливи дури и кога станува збор за чисто спортски и професионални достигнувања, додавајќи дека ова е доказ дека Албанците се третираат како граѓани од втор ред.
На крајот, од ДУИ побараа целосна транспарентност во врска со критериумите, постапката и составот на комисијата која одлучувала за доделувањето на овие државни награди.
„Кога исклучувањето се повторува, тоа станува политика. А ДУИ нема да молчи пред оваа политика на дискриминација и бришење на придонесот на Албанците од државните институции“, децидни се од партијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

