03 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, испрати јасна и недвосмислена порака до македонскиот државен врв: усвојувањето на договорените уставни измени е единствениот пат за формално отворање на пристапните преговори со Европската Унија.
Во своето најново обраќање, Кошта ги нагласи позитивните чекори што ги презема државата, но и јасно го лоцираше главниот услов за следниот голем чекор кон евроинтеграциите.
Кошта го започна своето обраќање со позитивна нота, поздравувајќи го напредокот во спроведувањето на реформската агенда на Северна Македонија. Тој особено ги истакна:
„Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската агенда, кон усвојувањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација, што е значајно за пристапниот пат на Северна Македонија, но и за искористување на Планот за раст и пристапувањето“, порача претседателот на Европскиот совет.
И покрај пофалбите за реформскиот напредок, Кошта потенцираше дека следниот чекор кон полноправно членство зависи исклучиво од исполнувањето на веќе преземените обврски.
„Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори. Тоа е единствениот начин за отклучување на целосните придобивки од членството во Европската Унија за граѓаните на Северна Македонија“, истакна Кошта.
Претставникот на Унијата потсети дека ЕУ континуирано обезбедува мир, стабилност и економски развој, а проширувањето ги нуди истите можности и за земјите кандидати од регионот.
Тој ја потврди позицијата на ЕУ како најсигурен партнер, најголем инвеститор и најважен трговски партнер на Северна Македонија и на целиот Западен Балкан, ветувајќи континуирана политичка и финансиска поддршка.
На крајот од своето обраќање, Кошта испрати охрабрувачка, но обврзувачка порака дека одлуката за европската иднина е во рацете на македонските институции и политичките чинители.
„Моќта да ја обликувате вашата иднина е во ваши раце. Единствениот начин да се постигне напредок кон европската интеграција е преку конструктивен дијалог со соседите, преку преземање прагматични чекори за градење доверба и спроведување на неопходните реформи“, заклучи Кошта.
Две „четворки“ од Данска и Турција: Дали е ова реалноста на подновената Македонија?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

