02 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Политичката партија Левица денеска излезе со жестоки обвинувања кон Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и нејзиниот директор Оливер Миланов, барајќи негова итна оставка поради мега-скандалот со небезбедни млечни производи кои завршиле на полиците во маркетите ширум државата.
Според партијата, најновите информации за квалитетот на млечните производи даваат јасна слика дека корупцијата е длабоко навлезена во системот на надлежните институции.
Од Левица посочуваат дека директорот на АХВ, Оливер Миланов, кој по професија е стоматолог, ја носи најдиректната одговорност за квалитетот на храната која се произведува, увезува и им се продава на граѓаните.
„Наместо навремена контрола и заштита на јавното здравје, надлежните дозволиле производи со состав различен од декларираниот да стигнат до илјадници граѓани,“ се вели во реакцијата на партијата.
Според информациите, неправилности биле утврдени кај производи на повеќе компании, меѓу кои:
Посебен акцент во соопштението се става на радовишката млекара „Ѓоргиеви“. Од Левица тврдат дека нејзиниот сопственик е советник од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, што според нив отвора сериозен сомнеж за евентуално политичко влијание и институционална заштита.
Партијата прашува зошто надлежните институции првично не ги објавија имињата на млекарниците кај кои се најдени неправилностите. Дополнително, тие ја критикуваат казнената политика, оценувајќи дека глобата од 3.500 евра е повеќе од смешна сума за големи и профитабилни бизниси.
Поради континуираните афери под капата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Левица го проширува своето барање за одговорност. Освен од министерот Цветан Трипуновски, од кого веќе подолго време бараат повлекување, сега се бара и неотповиклива оставка од директорот на АХВ, како и преземање мерки за утврдување на негова најдиректна кривична одговорност.
„Јавноста има право да знае колку долго траеле овие злоупотреби, кој дозволил производи што не одговараат на декларираниот состав да се продаваат како млеко и млечни производи и дали зад целиот случај стои организирана мрежа на институционална неодговорност, корупција и политичка заштита,“ заклучуваат од Левица.
Две „четворки“ од Данска и Турција: Дали е ова реалноста на подновената Македонија?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

