12 октомври 2026
• од Гоце Кически
Ива Михаилова од Кочани, која пристигна во Бугарија за да добие медицинска помош, изјави дека конечно се чувствува безбедно и дека нејзиниот приоритет во моментов е лекувањето. Во изјава пред болницата „Пирогов“ во Софија, таа нагласи дека во Бугарија пристигнала легално, заедно со својот адвокат.
„Апсолутно, конечно се чувствувам безбедно“, изјави Михаилова, изразувајќи олеснување по долгиот период на неизвесност низ кој поминала.
Таа потврди дека веќе е во болницата, каде што ѝ претстојат медицински прегледи и лекување.
„Не се чувствувам добро. Затоа сме тука. Затоа го презедовме овој чекор за лекување“, рече Михаилова.
Говорејќи за своето пристигнување во Бугарија, таа нагласи дека сè се одвивало законски и во согласност со договореното.
„Сè беше целосно легално. Се договоривме и вчера дојдовме заедно со мојот адвокат. Сè помина многу добро. Штом сме тука, сè е во ред“, изјави Михаилова.
Таа се осврна и на тешкотиите со кои, според неа, се соочувала поради своето бугарско потекло и национално самоопределување, истакнувајќи дека изминатиот период бил особено тежок за неа.
Михаилова упати и искрена благодарност за поддршката што ја добивала во текот на изминатата година, нагласувајќи дека солидарноста на луѓето ѝ дала сила да продолжи.
„Целиот народ беше со мене“, рече таа, додавајќи дека поддршката ја чувствувала во текот на целата година и дека продолжува да ја добива.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

