27 мај 2026
• од Темелко Тошев
Скопјанец стана жртва на насилен напад и грабеж среде бел ден во скопската општина Аеродром. Според пријавата, инцидентот се случил додека мажот возел велосипед, при што бил удрен со тврд предмет и ограбен.
Според официјалните информации од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, случајот бил пријавен вчера претпладне. Жртвата е 39-годишен маж кој останал без својот ранец во кој носел пари и други лични предмети.
„На 26.05.2026 во 10:52 часот во СВР Скопје, Б.А.(39) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, додека управувал велосипед, едно лице физички го нападнало со тврд предмет и му го одзело ранецот со пари и лични предмети“, стои во соопштението од полицијата.
Напаѓачот успеал да побегне со пленот веднаш по инцидентот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека нивни екипи се веќе на терен и дека интензивно се преземаат сите неопходни мерки за идентификување на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

