27 мај 2026
• од Темелко Тошев
Во најновото издание на подкастот „Почетна пресметка“, Џељо Хоџиќ упати остри критики кон актуелните политики на власта во Република Северна Македонија, оценувајќи ги како деструктивни и опасни за иднината на државата и нејзините граѓани.
Според Хоџиќ, „медениот месец“ на оваа власт е дефинитивно завршен, а резултатите од нивните досегашни политики се, како што вели тој, „катастрофални“.
Хоџиќ е дециден дека актуелната владејачка гарнитура не поседува капацитет за корекција на правецот.
„Џељо Хоџиќ: Оваа власт која сега владее со Република Северна Македонија не може да се поправи. Нејзините намери се многу лоши за оваа држава и за сите нејзини граѓани, и таа ќе мора да се менува“, порача Хоџиќ во гостувањето.
Тој изрази загриженост дека додека целиот регион се движи во попозитивна насока, државата под оваа власт заостанува, што негативно се одразува врз чувството на граѓаните.
Во контекст на дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ, Хоџиќ обвини за водење на политика која има една единствена цел – одвлекување на вниманието на јавноста од реалните проблеми.
„Оваа деструктивна политика на ВМРО-ДПМНЕ има само една шанса: да го сврти дефокусот на граѓаните преку меѓуетнички проблеми“, нагласи тој.
И покрај острите критики, Хоџиќ упати повик до граѓаните за меѓусебно почитување и единство, надминувајќи ги етничките, верските и политичките разлики. Тој ги издвои трите клучни постулати за кои смета дека сите треба да се залагаат:
Целото гостување на Џељо Хоџиќ во подкастот „Почетна пресметка“ можете да го погледнете на нивните официјални канали.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

