10 август 2026
• од Темелко Тошев
Православната црква и нејзините верници денеска го одбележуваат споменот на Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен, четворица од седумте ѓакони на првата, Ерусалимска црква.
За разлика од светите ѓакони Стефан и Филип, кои имаат посебни денови за празнување во православниот календар, овие четворица апостоли се чествуваат заедно на денешен ден. Интересен е податокот што седмиот од првичните ѓакони, Николај, не е вбројан во редот на светителите бидејќи западнал во груба ерес.
Житијата на овие светители сведочат за нивната силна вера, пожртвуваност и маченички крај во името на христијанството:
Од католичкиот календар: Денеска е Св. Ловро
Католичките верници денеска го празнуваат Свети Ловро, еден од најпознатите ѓакони во Римската црква. Тој претрпел страшни мачења за време на прогонствата на царот Валеријан, само четири дена по погубувањето на папата Сиксто Втори и уште четворица римски ѓакони. Неговиот гроб денес се наоѓа на улицата Тибуртина, во Веранското поле во Рим. Во негова чест, и покрај неговиот гроб, царот Константин Велики изградил величествена базилика.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

