09 август 2026
• од Темелко Тошев
Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека повторно ќе побара од Владата на Република Северна Македонија да дозволи тим од бугарски лекари специјалисти да ја прегледа и лекува Ива Михаилова од Кочани. Михаилова поседува и бугарско државјанство,повикувајќи се на БНТ.
Според изјавата на Јотова, предлог за испраќање бугарски медицински тим кој би ја прегледал Михаилова на самото место бил испратен уште пред четири месеци, но досега нема никаков одговор од македонските власти.
„Она што го предложив е да добиеме дозвола бугарски тим од лекари специјалисти да замине и да го прегледа девојчето на самото место. Од април досега немам одговор. Уште утре повторно ќе го упатам ова барање до Владата на Република Северна Македонија“, изјави Јотова.
Таа упати и остри критики за досегашниот однос кон овој случај.
„Не постои аргумент со кој може да се оправда ваквото однесување – една млада девојка да остане инвалид само поради робувањето на идеологеми од страна на нашите партнери од Република Северна Македонија. Тоа е апсолутно недозволиво за 21 век“, потенцираше Јотова.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

