09 август 2026
• од Гоце Кически
Повеќе од еден месец граѓаните на Гостивар се соочуваат со проблеми со загадената вода, а над 4.700 лица побарале болничка помош, соопшти СДСМ, барајќи итна одговорност од надлежните институции.
Од партијата велат дека граѓаните сè уште немаат јасни одговори за причините за загадувањето и за тоа кој дозволил водата да се користи.
СДСМ посочува на различните информации што во изминатиот период доаѓале од надлежните. Според партијата, директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Клековски, изјавил дека во водата биле откриени различни бактерии и вируси, додека премиерот Христијан Мицкоски претходно уверувал дека водата е технички исправна.
Опозициската партија бара да бидат објавени анализите и извештаите за квалитетот на водата, како и да се утврди кој дал одобрение за нејзино користење.
СДСМ побара и Јавното обвинителство да реагира и да утврди дали има одговорност кај надлежните лица и институции за случајот со водата во Гостивар.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

