10 август 2026
• од Темелко Тошев
Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците, упати остри критики кон претставниците на албанската коалиција ВЛЕН во владата на Северна Македонија. Според него, нивната улога во актуелната владина гарнитура е чисто декоративна.
Во гостувањето во емисијата „Кенди и Дебатит“ (Këndi i Debatit) на телевизијата Тëвë1, Таравари истакна дека премиерот Христијан Мицкоски го користи ВЛЕН како политичко средство за сопствените цели.
„Во претходната влада имавме 6 албански министри. Сега има само еден Албанец. Со своите постапки, Мицкоски порачува дека им го покажал местото на Албанците. Тој го користи ВЛЕН како политички инструмент, а албанските претставници во владата повеќе личат на декор“, изјави Таравари.
Тој потсети дека неговата одлука за напуштање на владата дојде токму како резултат на недостатокот на почит и вреднување на коалицијата ВЛЕН од страна на премиерот Мицкоски.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

