09 август 2026
• од Темелко Тошев
Огранокот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Чаир излезе со остра реакција по сквернавењето на муралите во општина Чаир, на кои се прикажани фигури и симболи поврзани со Ослободителната војска на Косово (ОВК).
Во своето соопштение, ДУИ-Чаир најостро го осудува оштетувањето на муралите со ликовите на Адем Јашари и Командант Тели, како и амблемот на ОВК. Според партијата, овој вандалски чин добива уште поголема тежина поради фактот што се случува токму на годишнината од падот на Командант Тели.
„Ваквиот чин претставува тешка провокација и не може да се гледа изолирано од општата атмосфера што се создава во државата“, се наведува во реакцијата на чаирскиот огранок на ДУИ.
Од партијата обвинуваат дека актуелната „политички потчинета“ власт создала терен на кој радикалните националистички елементи се чувствуваат охрабрени да ги провоцираат Албанците, напаѓајќи ги нивниот јазик, симболи, а сега и фигурите на нивните борци. Како дополнителен аргумент за ваквата клима во општеството, тие го посочуваат неодамнешниот случај на граничниот премин Табановце, каде според нивните тврдења албанскиот јазик бил отстранет од државните табли.
„Вчера се отстрани албанскиот јазик од државните табли во Табановце, а денеска во Чаир се сквернават Адем Јашари, Командант Тели и амблемот на ОВК“, додаваат од партијата.
ДУИ-Чаир упати директен апел до Министерството за внатрешни работи (МВР) итно да ги идентификува сторителите на овој акт, да ги расветли нивните мотиви и да ги изведе пред лицето на правдата. Од партијата порачуваат дека очекуваат институционална реакција, а не молк.
На крајот од соопштението се нагласува дека општина Чаир отсекогаш ги почитувала и ќе продолжи да ги почитува сите заедници и граѓани, но истовремено децидно бара почитување на албанската историја, јазик, симболи и паднати борци.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

