23 ноември 2026
• од Гоце Кически
На самитот „Изберете ја Франција“ беа најавени речиси 15 милијарди евра нови инвестиции во земјата. Вкупно 273 индустриски проекти, со вредност од 42,5 милијарди евра, беа претставени како дел од напорите да се поттикнат домашните компании да инвестираат во Франција, објави Euronews.
Најголем дел од најавените вложувања се во енергетиката, авијацијата, вселенската индустрија и здравството. Меѓу најголемите проекти се плановите за развој на инфраструктурата на париските аеродроми и за модернизација на електричната преносна мрежа.
Околу 30 отсто од проектите ќе добијат јавна поддршка, меѓу другото и преку програмата „Франција 2030“. Вкупните инвестиции на овогодинешниот самит се поголеми од ланските, кога беа претставени проекти во вредност од 30,4 милијарди евра.
Најавите доаѓаат во период на неизвесност за француската економија. Стопанските инвестиции се намалувале четири квартали по ред, а послабата потрошувачка и повисоките каматни стапки дополнително влијаат врз деловните планови.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

