18 август 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека и понатаму ја поддржува идејата за прогласување на Ормускиот Теснец за американска територија.
„Мислам дека тоа е одлична идеја“, изјави тој пред новинарите во Белата куќа, а пренесува агенцијата АФП.
Трамп уште еднаш го истакна својот став дека Соединетите Американски Држави де факто веќе го контролираат овој стратешки важен поморски пат. Според неговите зборови, таквата контрола е овозможена преку поморската блокада на Иран, која ја спроведуваат американските воено-поморски сили.
„Ние го контролираме теснецот преку нашата блокада (...). Блокадата е многу ефикасна“, нагласи американскиот претседател.
И претходно во текот на август, Трамп навести дека би можел да го прогласи Ормускиот Теснец за „територија на САД“.
Во текот на изминатите месеци, американските власти редовно нагласуваат дека имаат целосна контрола врз овој теснец, кој е од клучно значење за глобалната трговија со нафта. Од друга страна, официјален Техеран периодично ги отфрла и демантира ваквите тврдења на Вашингтон.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

