20 август 2026
• од Темелко Тошев
Познатиот новинар Васко Ефтов со шокантна анализа за „длабоката држава“, контролата на тајните служби врз политичките партии и концептот на заробена држава. Поранешниот функционер Филип Петровски со жестока реакција за кадровските политики.
Во најновата политичка дебата, новинарот Васко Ефтов изнесе контроверзни тврдења за односот меѓу клучните политички партии во Македонија и тајните служби, анализирајќи ја нивната историска и моментална поврзаност.
Според Ефтов, СДСМ е партија која директно произлегува од комунистичката партија, односно од она што тој го нарекува „газдата на тајните служби“.
Откако СДСМ ја изгубила својата употребна вредност, Ефтов смета дека службите својот фокус го префрлиле кон политичкиот опонент, опишувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ како „многу покорисна, многу поефикасна и многу поизвршителна“ во рацете на системот.
Оваа целосна симбиоза меѓу службите и партиите, според него, е вистинската дефиниција за заробена држава.
„Тоа е заробена држава кај што вие не можете да издиференцирате каде почнуваат службите, каде завршуваат службите, каде почнува власта, каде почнуваат политичките партии, каде почнува олигархијата. Тоа е сè едно исто“ – дециден е Ефтов во својата анализа.
На ваквите тези се надоврза и Филип Петровски, кој жестоко реагираше на апсурдноста на ситуацијата во која, како што вели, поранешни соработници на службите напредуваат токму во редовите на партијата.
Петровски посочи на парадоксот:
Според Петровски, ваквиот развој на настаните јасно индицира едно од двете можни сценарија: или овие луѓе имаат директна заштита од службите, или пак самите служби преку партијата целосно ја презеле државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

