20 август 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски и актуелната влада, обвинувајќи ги за целосен недостиг на резултати во клучните сектори и за манипулација со економската реалност на граѓаните.
„Владата ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет да ги убеди граѓаните дека живеат подобро. Реалноста е дека граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери“, истакна Филипче.
Лидерот на опозицијата нагласи дека во државата нема напредок во економијата, здравството, образованието и земјоделството. Тој потсети и на лошите оценки од меѓународната заедница, посочувајќи дека земјава го добила најлошиот извештај од Европската Унија досега, проследен со отсуство на владеење на правото, стопирани реформи во правосудството и загрозена слобода на медиумите.
Според Филипче, Мицкоски континуирано им се обраќа на граѓаните со потсмев и потценување, презентирајќи статистика која нема никаква допирна точка со секојдневниот живот.
„Вчера го слушам на интервјуто, платите растеле 70 пати или проценти – што и да сакаше да каже, а пензиите, замислете, 325 проценти, споредувајќи се со времето на владите на СДСМ. Меѓутоа, граѓаните не можат да се излажат. Тие бројки што премиерот ги кажува постојат само во светот во кој живеат тој и неговата мала група луѓе. Обичниот граѓанин не ги чувствува тие бројки, туку ги гледа празните паричници и фрижидери“, дециден е Филипче.
Прес-конференцијата доаѓа во период на засилени критики од опозицијата за економските политики на власта и падот на животниот стандард на граѓаните.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

