20 ноември 2026
• од Никола Трајковски
Бугарската Национална електрична компанија (НЕК) потпиша меморандум за соработка со полската „Синтос Грин Енерџи“ и бугарската „Блу Берд Енерџи“ за да ги испита можностите за изградба на мали модуларни реактори во Бугарија. Засега не е донесена одлука за изградба.
Компаниите ќе разгледуваат можни локации, модели за финансирање и реализација, како и условите за добивање дозволи. Во фокусот е реакторот БВРХ-300, развиен од „Џенерал Електрик Вернова Хитачи“, со капацитет од околу 300 мегавати.
Меморандумот е следен чекор во соработката на „Синтос Грин Енерџи“ и „Блу Берд Енерџи“, кои уште во 2025 година потпишале писмо за намера. Полската компанија работи на развој на проекти со оваа технологија и во други европски земји.
Бугарија веќе произведува значителен дел од електричната енергија во нуклеарната централа „Козлодуј“, а подготвува и изградба на два нови реакторски блока. Веста за меморандумот ја објави Money.bg.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

