21 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
Бугарското Народно собрание го одобри проектот за набавка на самоодни хаубици „Цезар“ со калибар од 155 милиметри. Инвестицијата, чија вредност е речиси 685 милиони евра, ќе се финансира преку европскиот механизам СЕЈФ.
За проектот гласаа 158 пратеници, немаше гласови против, а 19 пратеници беа воздржани. Бугарија ќе учествува во заедничката набавка со Хрватска, Естонија, Франција, Португалија и Словенија.
Во парламентарната дебата беа побарани повеќе детали за трошоците и за договорите со приватни компании. Министерот за одбрана соопшти дека во проценетата сума е вклучена резерва за непредвидени трошоци, која не мора целосно да се искористи.
Според ArmyMedia, министерот уверил дека нема да бидат надминати одобрените финансиски лимити и дека придружните договори ќе бидат испратени на проверка во Европската комисија пред потпишувањето.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

