07 септември 2026
• од Темелко Тошев
Западнонилската треска ја зеде осмата жртва во земјава. 70-годишен маж од скопска Драчево почина на Клиниката за инфективни болести, потврди за Телевизија 24 министерот за здравство, Сашо Клековски.
Според информациите, пациентот бил во критична состојба и имал неколку придружни заболувања.
Со последниот случај, бројот на жртви од западнонилска треска оваа година достигна осум. Сите лица кои го загубија животот досега беа повозрасни мажи со коморбидитети.
Последните официјални бројки покажуваат дека оваа година во земјава се регистрирани 55 случаи на инфекција со вирусот на Западен Нил.
Ситуацијата останува под надзор на здравствените власти, додека бројот на жртви предизвикува загриженост за ширењето на вирусот во овој период.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

