25 мај 2026
• од Темелко Тошев
Во јавноста одекна вознемирувачка вест за сериозен инцидент кој се случи на 22 мај во селото Другово, кичевско, каде мајка со две малолетни деца била нападната од две агресивни кучиња. Лени Ангелоска-Здравеска од Гостивар преку социјалните мрежи упати јавен апел до надлежните институции за итна реакција, откако претрпела трауматично искуство за време на прошетка.
Според сведоштвото на Ангелоска-Здравеска, нападот бил ненадеен и исклучително агресивен. Таа опишува драматични моменти во обид да ги заштити своите деца.
„Во паника, помалото дете го кренав во раце, а со другата рака се обидував да го заштитам поголемото девојче и ја криев зад мене. Во тој момент едното куче ми го повлече малото дете од раце и тоа падна на бекатон. Се појави и второ куче кое агресивно ме нападна. Ми го фати за дуксерот и повторно ми го повлече детето. Детето беше влечено по бекатонот“, наведува Ангелоска-Здравеска.
Ситуацијата дополнително се влошила кога во близина поминал автомобил, при што детето за малку ќе завршело под предното тркало. Мајката, со последни сили, успеала да го спаси детето и да се засолни во соседен двор, иако, како што тврди, кучињата продолжувале да се враќаат по нив.
Како директна последица од нападот, детето се здобило со видливи телесни повреди, кои подоцна биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Ангелоска-Здравеска изрази големо разочарување и револт од однесувањето на лицето кое ги чувало кучињата.
„Најстрашно од сè е што човекот кој ги чува кучињата ладнокрвно одговори дека ‘не му е ништо’ и не покажа никаква грижа, одговорност или човечност“, додава таа.
Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи (МВР) преку итната медицинска помош, а оштетената веќе дала и официјална изјава за настанот.
Целта на нејзиното јавно обраќање, како што вели, не е создавање драма, туку кревање на свеста за безбедноста на граѓаните. „Ова не го споделувам за да правам драма, туку затоа што денес беше моето дете — утре може да биде нечие друго“, порача Ангелоска-Здравеска, очекувајќи надлежните институции соодветно да постапат и да ги преземат потребните законски мерки против сопственикот на агресивните животни.
Овој настан отвора сериозни прашања за одговорното сопствеништво на домашни миленици и безбедноста на јавните површини, особено во помалите населени места.
ВМРО-НП реагира: ДПМ ќе добие претседател заговорник на великосрпската политика
Хуманитарна акција: Помош за лекување на 14-годишниот Марко Џолевски во Турција
Историја во Атина: Бугаринот Александар Везенков е шампион на Европа со Олимпијакос!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

