25 мај 2026
• од Темелко Тошев
Професорот Сулејман Мехази во интервју за „Бота сот“ упати сериозни обвинувања кон здружението „Мир, Хармонија, Стабилност“, тврдејќи дека истите се параван за српските политички интереси во Северна Македонија.
Во ек на политичките случувања во земјата, професорот Сулејман Мехази јавно изрази загриженост околу активностите на здружението „Мир, Хармонија, Стабилност“, поврзувајќи го директно со влијанието на Белград и на македонскиот министер Иван Стоилковиќ. Според Мехази, ова здружение не е претставник на малцинските интереси, туку алатка за остварување на агендата на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Мехази е дециден дека дејствувањето на ова здружение и конкретните политички истапувања на Стоилковиќ се опасни по меѓуетничките односи во Северна Македонија. Тој повлече паралела со актуелната состојба во Косово:
„Ова граѓанско здружение е чисто српско и нема никаква врска со другите малцинства во оваа кревка држава. Тоа не е за мир и хармонија, туку за војна и дехуманизација. Можеме да го споредиме со „Српска листа“ во Косово, а министерот Стоилковиќ со криминалецот Радоичиќ“, тврди Мехази.
Најголемиот фокус на критиките на Мехази е ставен на неодамнешниот повик за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ, закажан во Куманово. Според професорот, овој собир носи опасна симболика:
Мехази предупредува дека овој политички курс е погубен првенствено за самата Северна Македонија. Тој смета дека таквите политики придонесуваат кон подгревање на меѓуетничките тензии и ја загрозуваат иднината на државата.
„Политичката цел на Вучиќ преку Стоилковиќ е јасна – Србија да ја врати РСМ во статус на некогашна „Српска Бановина“. Овој повик е на штета на Македонците, а не на Албанците“, заклучува Мехази во своето интервју за „Бота сот“.
ВМРО-НП реагира: ДПМ ќе добие претседател заговорник на великосрпската политика
Хуманитарна акција: Помош за лекување на 14-годишниот Марко Џолевски во Турција
Историја во Атина: Бугаринот Александар Везенков е шампион на Европа со Олимпијакос!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

