25 мај 2026
• од Темелко Тошев
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (УК ГАК) во Скопје вчера е примена малолетничка со породилни болки, случај кој ја вклучи и полицијата по пријава од здравствената установа.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека настанот се случил вчера, на 24 мај, кога во 13:40 часот од Клиниката „Мајка Тереза“ било пријавено дека е донесена малолетна пациентка со симптоми на породување.
По добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје веднаш презеле мерки за расчистување на случајот.
Од полицијата велат дека во моментов се преземаат сите потребни мерки за утврдување на фактичката состојба и целосно расчистување на околностите под кои дошло до овој случај. По комплетирање на документацијата, против одговорните лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
Случајот предизвика сериозно внимание во јавноста, со оглед на возраста на малолетничката и законските импликации кои произлегуваат од ваквите настани.
ВМРО-НП реагира: ДПМ ќе добие претседател заговорник на великосрпската политика
Хуманитарна акција: Помош за лекување на 14-годишниот Марко Џолевски во Турција
Историја во Атина: Бугаринот Александар Везенков е шампион на Европа со Олимпијакос!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

